| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов создаден за планина – сонце на повисоките места

magla-na-debarsko

Викендов одете на планина. Прогнозата на Метеопро вели дека викендов повторно ќе донесе поубаво и потопло време на повисоките планински места. Но, за разлика од минатиот викенд, кој помина во сончево време на планините и двата дена, викендот пред нас ќе донесе подобро време в сабота.

Сабота ќе почне со релативно студено утро. Минималната температура ќе има вредност околу 0°С во поголем дел од земјава. Утрото ќе донесе и слаба магла и ниска облачност низ котлините, додека на повисоките места со мала облачност.

Во текот на денот на повисоките места ќе има мала до умерена облачност, но со подолги сончеви периоди. Сонце ќе огрее и низ котлините, но замагленоста на небото останува и натаму присутна.

Топло ќе биде во гевгелискот регион, но и на повисоките места. Таму максималната температура ќе има вредност меѓу 11°С и 15°С. Низ котлините, каде што ќе има магливо утро, максималата температура ќе има вредност околу 9°С.

В недела наутро, од север кон Македонија ќе се спушта облачна маса која е можно да донесе само краткотраен и слаб дожд. Она што ќе биде позначајно е ветровитото време. Ќе дува умерен северен ветер, локално и засилен. До крајот на денот облачноста значително ќе се намали.

Утрото ќе биде малку потопло во однос на сабота. Но, дневната температура во однос на саботната ќе биде пониска за околу 4°С. Падот на температурата повеќе ќе се почувствува на повисоките места, каде што разликата со саботната температура ќе биде околу 6°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top