| четврток, 6 декември 2018 |

Марија Михајловиќ: Немам намера да го напуштам шоуто

Српската пејачка и дел од жирито на „Твоето лице звучи познато“, Марија Михајловиќ, сѐ уште стои зад своите изјави дека ТВ „Прва“ и „Гранд продукција“ неправедно го фаворизираат српскиот пејач Бане Мојичевиќ во музичкото шоу.

Иако поради својот статус на „Фејсбук“ наиде на осуда во јавноста поради нападот врз Мојичевиќ, таа изјави дека нема намера да го напушти шоуто.

– Никој не ми кажал дека ќе ме исфрли од шоуто бидејќи без мене би немало смисла и би било без врска бидејќи со тоа директно ќе ја загрозиме слободата на говорот. Моето место во ова шоу е да размислувам за секој натпреварувач. Многу е јасно дека Бане се фаворизира во шоуто и поради тоа реагирав. Тоа го забележаа и останатите учесници во шоуто и воопшто не е пријатна таа ситуација. Бане е вонсериски талент и предобро момче, но јас тежам кон тоа сите учесници да имаат ист третман во шоуто – изјави Марија за српските медиуми.

Марија, која воедно е вокален тренер на учесниците, порачала дека никој нема право да забрани што ќе пишува таа на својот профил на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top