| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Кипарското прашање треба да биде решено без мешање од надвор

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека кипарското прашање треба да биде решено без мешање од надвор. Како и досега ќе тежнеам кон постигнување на балансирано решение без надворешно мешање, тоа е многу важно, истакна Путин на годишната прес­конференција во Москва.

Тој посочи дека Русија има добри односи со Турција. Тоа ќе влијае на Северен Кипар. Путин посочи и дека Москва одржува специјални односи со Грција.

Во октомври кипарскиот претседател Никос Анастасиадис ги замрзна преговорите за обединување на островот, поделен во 1974 година. Анастасиадис ги прекина преговорите откако Анкара почна да ги испитува наоѓалиштата на нафта и на природен гас во водите каде кипарската Влада веќе издаде одобрение за испитување на некои компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top