Мартина Навратилова, која девет пати го освои Вимбледон, стапи во брак со нејзината долгогодишна девојка, Јулија Лемигова, руска
манекенка, овој понеделник, на интимна церемонија во хотел во Њујорк.
Славната тенисерка рече дека се чувствувала „непријатно“ и „многу чудно“ после венчавката, но и декаа и олеснило.
– Имам 58 години и првпат сум во брак беше време, зарем не?, рече за БиБиСи Њуз. Растејќи како лезбејка едноставно не размислувате за тоа. И потоа пред некои десет години помислив: Мислам дека за дессет години геј браковите ќе бидат легални. И еве не, десет
години подоцна, навистина е легален, рече таа.
Навратилова како хомосексуалка се декларираше уште во 1981 година, а со Лемингова во врска е од 2006 година.
– Оваа година во септември и предложи брак на УС Опен: Бев толку многу изненадена, но не очекував ништо помалку од Мартина, рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.