Од елегантните фустани на Џени Пакам, до секојдневни комбинации од Бретон, оваа година беше една од стилски најпознатите за Војвотката од Кембриџ. Британскиот весник „Дејли експрес“ ги резимира најнезаборавните комбинации на Кејт во 2014 година.
1.Прекрасна во син вечерен фустан
Кејт на гала-вечерата во Националната галерија за портрети во февруари, блесна во елегантен фустан на Џени Пекам. Војвотката од Кембриџ се појави со овој фустан вреден 2.000 фунти на уште два настани во текот на годината. Убавиот ѓердан со кој војвотката ја искомбинира облека, беше земен на заем од кралицата.
Кејт Мидлтон во Националната галерија за портрети во февруари
Кејт Мидлтон со истиот фустан на прием во Њујорк
2. Елегантна во смарагдно
Кејт Мидлтон беше фотографирана со офицери, при посетата на парадата за празникот Свети Патрик во Монс Баракс. Таа имаше царски детаљ на палто од модната марка „хобс“ и капа во иста боја на Џина Фостер. Војвотката им подари на офицерите садници за детелина, во иста боја како нејзината облека.
3. Кралско црвено
Тоа беше бојата на облеката на Кејт на нејзината прва официјална фотографија со Вилијам и принцот Џорџ, на нивната тринеделна турнеја во Австралија и во Нов Зеланд. При нивното пристигнување на аеродромот „Велингтон“, по 30 часовен лет, немаше ни трага од замор на лицето на убавата војвотката.
Кејт имаше избрано капут со копчиња на лондонската модна куќа „Кетрин Вокер“, во комбинација со капа во иста боја на Џина Фостер. Велурени чевли на британската марка „еми“ и сребрен брош во форма на папрат, го дополнуваат нејзиниот надворешен изглед.
4. Убава во црно
За свеченото отворање на изложба во Велингтон, Кејт ги плени присутните во елегантен фустан на Џени Пакам. Сребрената папрат, национален амблем на земјата, беше извезен околу нејзиното лево рамо.
5. Сон во морско сино
Кејт помина со овој фустан во морско сина боја, по пистата на меѓународниот аеродром „Дандин“ во Нов Зеланд. Тоалетата е креација на дизајнерката Емилија Викстед, која е родена во Нов Зеланд, а работи во Лондон. Фустанот беше исклучително соодветен за витката фигура на војвотката и нејзината исончана кожа. Капата на дизајнерката Џејн Тејлор е совршена комбинирација со фустанот.
6. Убава во жолто
Фустанот баш и не му се допаднал на принцот Вилијам, а војвотката споделила: „Вилијам ми рече дека изгледам како банана“. Модните критичари, сепак го пофалија жолтиот фустан на Роксанда Илинчич, која Кејт ја носеше во Кралската опера во Сиднеј. Елегантна мала чантичка и високи чевли во боја на месо на Л К. Бенет, го дополнуваат смелиот изглед на Кејт.
7.Фустан на преклоп
Кејт покажа дека не се плаши да експериментира со гардеробата и се појави во фустан на преклоп од Дијана фон Фјурстенберг. Фустан беше доволно пролетен за посетата на Сините Планини во Австралија. Елегантниот фустан беше во комбинација со платформи на Стјуарт Вајцман и мала морнарскосина чантичка.
8. Прекрасно и елегантно со цветни мотиви
За напорниот ден во базата на Кралските воено- воздушни сили на Австралија, во Амберли. Кејт избра бел фустан со сини булки, на британскиот дизајнер Л К. Бенет. Таа го финиширала својот изглед со обетки од сафир и дијаманти и ѓердан на „Мапин и Веб“.
9. Елегантна во фустан на „Меквин“
Војвотката ја фасцинира публиката во катедралата „Сент Ендрјус“ во Сиднеј, во елегантно сиво палто на Александер Меквин. Убава шапка Јане Тејлор и удобни чевли на Л К. Бенет, го комплетираат беспрекорниот изглед. Времето поминато во Австралија и Нов Зеланд и помогна на Кејт да се здобие со убав исончан тен.
10. Шик во сиво
За комеморација, на Националниот ден во спомен на загинатите во војните, кој се одбележува во Австралија и Нов Зеланд, војвотката избра фустан од твид во сиво, на дизајнерот Мајкл Корс. Разкроениот модел, реверите и џебовите му придаваа интересен вид на фустанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти
-
Кејт Мидлтон се расплакала поради Меган: Исплива највалканата тајна од кралската венчавка!
-
Ги закрви браќата: Вилијам поради Меган се скара со братот!
-
Социјалните мрежи горат: Една реченица го откри односот меѓу Кејт и принцот Вилијам!



















