Хајдук е казнет со 3 бода поради одбивањето на сплитските „били“ да го одиграат дербито против Динамо во Загреб, а драстична казна добија и петмина членови на раководството, предводени од претседателот Марин Брбиќ. Тие ќе одработат едногодишна суспензија, а тоа се највисоките казни во хрватскиот фудбал.
Играчите на Хајдук по препорака на раководството на клубот, но и на навивачите, одбија да излезат на теренот на „Максимир“ и да го играат вечното дерби против големиот ривал Динамо.
Потоа во Сплит ги дочекаа илјадници луѓе како вистински спортски херои, а битката меѓу хајдуковци и динамовци се разгори. Од Хајдук бараат смена на клучните луѓе во Хрватската фудбалска федерација, кои според нив се под капата на Здравко Мамиќ, главен човек во Динамо Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




