Пратеникот Антонио Милошоски во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го искажа заедничкиот став по однос на излагањето на претседателот Ѓорге Иванов.
– Имавме можност изминативе пет години да се увериме, и ние и македонската поширока јавност, дека станува збор за еден стабилен политичар, за одмерен човек со принципи, којшто влева сигурност дека функцијата претседател на РМ е во сигурни раце, бидејќи негов приоритет е Македонија, интересот на македонските граѓани и нашите севкупни национални интереси – изјави Милошоски.
Според него, претседателот освен на домашен план одлично не застапува и на меѓународно ниво и се бори за секој наш интерес и можност на секое поле.
Милошоски се осврна и на отсуството на ДУИ на годишното обраќање на Иванов, истакнувајќи дека односот на оваа партија и за време на претседателските избори и денес не беше коректен, но тоа е прашање на нивна проценка како ќе постапуваат сега и во иднина.
– Она што за нас е важно е што претседателот Иванов го надминува тој праг на политичко соперништво, се поставува како вистински државник и дејствува како претседател на сите граѓани на Македонија. Односот на непочитување на институцијата претседател на државата од страна на ДУИ и од страна на СДСМ најдобрата реплика ја има во изборот на граѓаните на Република Македонија – рече Милошоски.
Свои коментари и ставови по повод излагањето на претседателот Иванов дадоа и пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска, Љупчо Димовски од Социјалистичката партија и пратеникот од Демократски сојуз, Павле Трајанов.
Тие генерално беа согласни дека говорот на Иванов бил избалансиран, коректен и добронамерен, како говор на еден умерен и искусен полтичар, кој има визија за сите предизвици кои ја очекуваат Македонија и македонските граѓани во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме






