Фото: Александар Ивановски
Возач на автомобил марка „БМВ“ е тешкоповреден во сообраќајна несреќа што се случила пред повеќе од еден час и со Брза помош е пренесен во Ургентниот центар.
Скопската полиција ни соопшти дека имало судир меѓу „БМВ“ со скопски регистарски таблички и „пежо 206“ со бугарски регистарски таблички околу 15 часот на булевар „Гоце Делчев“, односно пред мостот „Гоце Делчев“.
Сè уште нема инфомација во каква состојба е повредениот. Возачот бил пренесен на интензивна нега во Ургентниот центар при Клинички центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.