| четврток, 6 декември 2018 |

Будилник спаси дете од масакрот во Пакистан

dawood ibrahim

Давуд Ибрахим (15) е единствениот од 9. одделение во училиштето во Пешавар што го преживеа талибанскиот масакр, и тоа затоа што во вторникот наутро не го разбудил алармот.

– Тоа било судбина. Никој од неговото одделение на преживеа. Сите ги убија – изјави неговиот брат Суфјан Ибрахим. Се верува дека целиот клас страдал кога талибанскиот самоубица ја активирал бомбата. Давуд вечерта пред масакрот бил на венчавка, а сега оди од гроб на гроб на своите пријатели, додал брат му.

Цело време се зборува и за учителката која го дала својот живот во обид да ги заштити. Афша Ахмед, 24-годишната учителка застанала пред пушката која што ја вперил терористот во децата.

Ирфан Улах, еден од учениците кој го погодиле во градите, изјавил: „Јас мислам дека таа сфати што се случува пред сите нас. Стана и застана пред напаѓачот да го спречи да пука во нас. Беше многу храбра“, раскажал низ солзи ученикот. За жал, напаѓачот ја полеал учителката со бензин и ја запалил. Таа и додека горела, викала по учениците да бегаат и да бараат место да се скријат.

Талибанците во вторникот во училиште во Пешавар убија 148 луѓе, од кои 132 деца. Пакистанската влада прогласила тридневна жалост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top