По најавите дека дури пет атлетски дисциплини би можеле да бидат укинати на Летните олимписки игри 2016 година, се огласи најбрзиот човек на денешницата и светски рекордер на 100 и на 200 метри, Јамајчанецот Јусеин Болт.
Покрај останатите четири и дисциплината во која тој е неприкосновен, трката на 200 метри е ставена на разгледување за укинување од натпреварувањето.
– Тоа е најглупавата идеја што сум ја слушал. Не сум контраверзна личност, но ова претставува голема глупост. Атлетиката е кралицата на спротовите, врвот на спортските збидунувања на една летна олимпијада и за неа не треба ни да се разговара. Бесмислено е да се укинуваат дисциплини во ателетиката. Сепак, мислам дека светската атлетска федерација ИААФ нема да го дозволи тоа – категоричен беше Јусеин Болт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Укинување на руската блокада по фитосанитарната истрага во Македонија
-
Фатална грешка: Мислеше дека трката заврши,па славеше медал, a не го истрча последениот круг
-
Утре пренасочување на сообраќајот до Средно Водно поради атлетска трка
-
Во Скопје се трча во сите годишни времиња: Почнува пријавувањето за Скопје трча 10КМ