Празните места во Собранието не можат да ја претставуваат волјата на граѓаните, рече претседателот на Ѓорге Иванов во денешното редовно годишно обраќање пред пратениците. Во своето прво обраќање во неговиот втор мандат, Иванов изрази „искрено жалење поради отсуството на дел од избраните пратеници“.
– Со тоа што ги оставија своите места во овој дом на демократијата празни, ги оставија и непретставени граѓаните кои ги избраа, рече претседателот Иванов.
Гласањето на избори, нагласи тој, е уставно право на граѓаните, но нивното претставување во Собранието е уставна обврска на избраните пратеници.
– Сакам да напоменам дека како претседател, пред седум месеци ги поканив политичките лидери, вклучувајќи ги и лидерот на опозицијата Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети, да разговараме за интересите на државата. Тие се уште не се одѕваа на поканата, која е се уште отворена. Да се одбие разговор за интересите на државата за мене е израз на крајно неодговорно политичко однесување. Затоа, на оние кои денес не се тука, сакам да им порачам дека политичкиот дијалог не е израз на слабост, туку израз на политичка зрелост, рече претседателот Иванов.
Често слушаме, додаде тој, дека политичката култура не се гради преку ноќ.
– Но, ние мораме за кратко време да го постигнеме она за коешто на развиените демократии им биле потребни децении и векови. Демократијата е тука и сега. Потребна е поголема политичка одговорност и позрела политичка култура, истакна Иванов.
И најтешките проблеми, додаде, се надминуваат со дијалог.
– Ако го вратиме дијалогот, ќе најдеме решение. А решението ни е неопходно, бидејќи оваа состојба се одразува на нашето општество, но и на нашиот европски и евроатлантски пат, рече претседателот Иванов во годишното обраќање во Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани