Околу 21 тон хероин се запленети во операција во источниот дел на Авганистан, изјави шефот на руската Сојузна служба за контрола на наркотиците (ФСКН), Виктор Иванов.
– Во вчерашната операција се уништени неколку лаборатории за производство на дрога и запленети се околу 21 тон хероин. Во операцијата учествуваа и припадници на ФСКН – изјави Иванов. Тој наведе дека во Русија годишно влегува околу 21 тон хероин. Поголемото количество хероин во Русија доаѓа од Авганистан.
Пред неколку дена истата служба, во соработка со локалните служби во Никарагва, разби мрежа за трговија со дрога, преку која бил доставуван кокаин во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.