| четврток, 6 декември 2018 |

Српски пратеник отели крава и спаси теле

Завеаните села околу српската општина Сврљиг беа неколку дена отсечени од светот, без струја и вода, а на помош на жителите им пристигнал и српскиот пратеник Милија Милетиќ од партијата СНС.

tele

Покрај тоа што во име на Владата на Србија организирал санирање на последиците од невремето, пратеникот ресорно задолжен за село и земјоделство ѝ помогнал и на една крава која имала проблем со отелување – телето се заглавило, па двете животни биле во животна опасност.

– Неколку жители од селото Бурдим ме разбудија околу два часот по полноќ. Се исплашиле дека ќе умрат и телето и кравата. Ветеринарот од Сврљиг не можел да се пробиле до местото поради снегот. Селаните знаеја дека јас сум ветеринарски техничар по струка, а бидејќи овде дојдов да им помогнам на луѓето, ни една секунда не размислував, туку брзо се облеков и заминав да ја отелам кравата – вели пратеникот Милетиќ за српските медиуми.

miletic

Во шталата кај домаќинот Анонијевиќ, пратеникот многу се измачил додека успеал да ја подигне кравата на нозе. По еден час мисијата била успешна, а кравата на свет донела здраво теле.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top