Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно осум сообраќајни несреќи.
Од нив, три се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.
Се случила и една незгода со загинато лице во 16 часот и 40 минути на ул. 1 во село Арачиново. Во незгодата учествувале две патнички моторни возила, „голф“ со скопски регистарски таблички управувани од жители на Арачиново и пешак, роден 2003 година, жител на Арачиново. Во незгодата со повреди се здобил пешакот кој со друго возило е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде што од страна на дежурниот лекар се констатирани тешки телесни повреди, при што истиот им подлегнал на повредите.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случила уште една незгода со мала материјална штета во којашто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 21 возач кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 11 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место и 14 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.
Со помош на специјалното возило „Пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се отстранети 75 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите превентивни активности ќе одржи едукативна работилница во ОУ „Кочо Рацин“ во населеното место Петровец, со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.