Прва меѓународна конфренција за културно наследство, медиуми и туризам ќе се одржи в петок и сабота во Охрид. На конфренцијата ќе учестуваат повеќе од 60 научни работници од 12 земји од светот.
На стручниот собир што се одржува во организација на Институтот за социокултурна антропологија на Македонија, во соработка со Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА и Евроазиската академија за телевизија и радио од Москва, ќе бидат презентирани над 50 научни трудови од односната област, а работата на самата конференција ќе има и мултимедијална димензија, преку онлајн интернет конекција со институции од Ерменија, Романија и Турција.
Најатрактивна сесија во рамки на конференцијата ќе биде в сабота кога ќе биде презентирана тродимензионалната графичка реконструкција на ранохристијанската базилика на Плаошник, изработена од студентите и професорите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ и Заводот и музеј од Охрид, спроведена со стручна помош на археологот Владо Маленко.
Според организаторите на конференцијата, печатените, аудио и визуелните медиуми добија улога на главни средства за зачувување и афирмација на културното наследство, но и главни алатки за промоција на вредностите на културното наследство како туристички производи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


