| четврток, 6 декември 2018 |

Барак Обама бил згрешен со келнер

obama-heartfelt

Барак Обама изјави дека слично како и многу мажи црнци, бил „заменет” за човек од сервисен персонал. Дури и на искусни специјалисти од одредена област, на секој маж црнец се случило да чека пред ресторан за својот автомобил и некој да му подаде клучеви да му го паркира возилото, изјави американскиот претседател во интервју за магазинот „Пипл”.

Првата дама на САД, Мишел Обама, изјави дека имало случки кога тој бил сметан за келнер и од него било побарано кафе.

Претседателската двојка зборуваше за случаи во кои се соочиле со расизам, во момент кога во САД се организираат протести поради убиствата од полицајци на тинејџерот Мајкл Браун во Фергусон и на Ерик Гарнер во Стејт Ајланд, во Њујорк.

– Малите недоразбирања и понижувања, што ги доживуваме, се ништо во однос на тоа со што се соочувале претходните генерации. Едно е да бидеш згрешен со келнер на гала вечер. Друго е твојот син да биде згрешен со крадец и биде уапсен или му се случи нешто полошо, ако оди по улица и е облечен како што се облекуваат тинејџерите, изјави Обама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top