Со новото упатство гинеколозите можат да прават царски рез само ако има медицински индикации, објави „Здравство“.
Исполнувањето на желбата на родилките да бидат породени на верски празник или на датумот кога се венчани стануваат минато. Во согласност со медицината базирана на докази – само по себе барањето на мајката не е индикација за царски рез. Ова доаѓа по алармантните податоци на ФЗОМ за 2013 година. Дури 50 проценти, односно секоја втора охриѓанка и стружанка биле породени по пат на хируршка интервенција. Доста висок е и процентот на ниво на држава.
Од 20.463 раѓања лани, 6.350 биле со царски рез. Постари родилки, близначка бременост, ХИВ-позитивни се со индиција за вакво породување. Но предностите од вагиналното породување, според гинеколозите, се неспорни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.