| четврток, 6 декември 2018 |

Сексуални работници, стриптизери и стриптизерки, хотлајн операторки, ескорт девојки и момци излегоа на скопските улици (фото)

 

Sex rabotnici protest (6) (Custom)

Денеска е ден за борба против насилството врз сексуалните работници. Во Скопје под мотото „Сексуалната работа е работа“ се одржа марш на црвените чадори. Маршираа сексуални работници, стриптизери и стриптизерки, хотлајн операторки, ескорт девојки и момци, активисти за човекови права и нивни поддржувачи.

 Борче Божинов, претседателот на организацијата „Стар-Стар“ вели дека на сексуалните работници секогаш се гледаат низ призмата на трговијата со луѓе, а не низ призмата на правото на избор. Ој смета дека треба конечно да се дефинира правната рамка во која сексуалните работници ќе бидат безбедни. Се проценува дека во Македонија има околу 2.500 сексуални работници.

Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top