| четврток, 6 декември 2018 |

Во Струга повреден заменик директорот на УЈП?!

Заменик директорот на УЈП Аргетим Хасани завршил во болница откако вчера избила масовна тепачка меѓу партиските функционери во локалниот огранок на ДУИ во Струга, јавуваат албанските медиуми.

„Република“ го контактираше Рафиз Алити, како еден од повисоките членови на ДУИ. Тој не ја демантираше информацијата. Не упати за коментар кај учесниците во тепачката, кои не беа достапни за разговор.

Инаку, според информациите на албанските медиуми вчера при изборот на раководство на огранокот, дошло до масовна тепачка во која се разменувале клоци и тупаници. Медиумите објавија дека веќе подолг период постојат тензии во Струга помеѓу двете крила кои ги предводат Арбен Љабеништа и Рамиз Мерко. Анимозитетот се разгоре на последните локални избори кој Љабеништа ја доби довербата од партијата за да влезе во градоначлничката трка, за позицијата која ја држеше Рамиз Мерко.

Но, ДУИ загуби, а нов градоначлник стана Зијадин Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top