Светски познатиот Њујорк Тајмс отпушта новинари. Повеќе од 100 вработени во овој медиум ќе останат без работа. Објаснувањето е дека се работи за мерка за намалување на трошоците. Според синдикатот, од „Њујорк тајмс“ изјавиле дека ќе се отпуштат 21 вработен кои се застапуваат од синдикатот, почнувајќи од денес, 57 членови на синдикатот и околу 30 лица кои не се членови на синдикатот. Дел ќе добијат надомест – половина месечна плата. Оние пак, кои започнале да работат пред 1 мај 1994 година ќе добијат надомест во висина од нецели 4 месечни плати.
Тоа е политиката на Њујорк Тајмс и секако, никој не се јавува со никаква реакција. Пресметките на медиумот се дека мора да спроведе мерки за намалување на трошоците, а бројот на вработени е преголем за нивните потреби и за финансиите со кои тие располагаат. Отпуштањето на работниците се должи на наглото зголемување на персоналот во изминатите 6 месеци. Проценките на медиумот се такви и секако, ваквото масовно отпуштање не предизвика никаква реакција. Но затоа пак, на претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, е таа која речиси секогаш истапува со реакција или осуда доколку станува збор за случај во нашата земја или земјите од регионот.
Светот очигледно поинаку гледа на овие работи. Отпуштањата од работа, промената на кадарот, како и смените на главните уредници во влијателните светски медими се смета за нормална работа. Но во Македонија ова секогаш е на удар на поединци. Работата на приватните медиуми честопати се злоупотребува од страна на политичките партии. Опозицијата работата на медиумите и нивната внатрешна политика на работење и носење на одлуки за нови вработувања или за намалување на бројот на вработени, промена на кадарот и уредникот ја користи за дневно политички цели.
Здружението на новинари е со слично сфаќање на работите. ЗНМ работи по нарачка на опозицијата и во интерес на опозицијата. По желба и барање на опозицијата Здружението се вклучува, праќа реакции и осуди. Но кога се работи за говорот на омраза, навредите, клеветите пласирани од страна на проопозициските медиуми финансирани од СОРОС, има молк во ЗНМ. Тогаш нема повод и причина за реакција, осуда и барање на извинување. Или како што еднаш веќе напишавме – ЗНМ за медиумите на Сорос мајка, за сите други маќеа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст