| четврток, 6 декември 2018 |

Сексот лек против несоница, главоболка, висок притисок…

Освен задоволството кое ни го пружа, сексот е и лековита активност.

Лечи главоболка

Многу жени главоболката ја користат за да се извлечат од секс, но тоа и не им е најпаметен изговор. Потврдено е дека сексот ја лечи главоболката.

Го смалува стресот

Често поради стресот не сме расположени за секс, а сепак со сексот можеме и да го намалиме. Истражувањата во Шкотска покажале дека двојките што намерно се ставени во стресни ситуации, многу полесно го поднеле стресот кога имале активен сексуален живот.

Снижува притисок

Кога сме во стресна ситуација, крвниот притисок ни се крева, а кога сме сексуално активни се крева многу побавно. Дури и бразилскиот министер за здравство предложи секс за симнување на притисокот. А кога веќе тој вели така, мора да знаеме дека работата е сериозна.

Против несоница

Не за време на активноста, но потоа да. За време на сексот се лачи хормон окситоцин што ни помага полесно да заспиеме.  

Ја подобрува кожата

Кожа која е сува, без сјај и се лупи? Звучи како почеток на реклама за чудотворен крем, но овојпат е реклама за секс. Добрата циркулација прави чуда за нашата кожа, а сјајот кој го имаме по добриот секс не може да ни го врати ниту еден добар крем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top