| четврток, 6 декември 2018 |

„Престолонаследникот Салман одржа официјални преговори со македонскиот премиер“ – тамошните медиуми јавуваат за владината посета (фото)

arabnews

„Македонија бара инвестиции од Саудиска Арабија“, „Престолонаследникот Салман одржа официјални преговори со македонскиот премиер“, „Саудиска Арабија и Македонија потпишаа договор за избегнување на двојните даноци“. Ова се само дел од написите на водечките медиуми во Саудиска Арабија како „Арабњуз“ и саудиската прес агенција (SPA) по посетата на оваа земја од страна на македонската владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски.

Саудискиот портал arabnews.com во својата статија ги истакнува предностите кои ги нуди Република Македонија за странските инвеститори, потенцирајќи дека претседателот на саудиската стопанска комора, Абдул Раман Ал-Замил, кој ја водел дискусијата на бизнис форумот, истакнал дека трговијата меѓу двете земји е од клучна важност, додавајќи дека двете страни треба да разговараат за опциите за успешна трговија.

1arabnews

И порталот menafn.com известува за посетата на владината делегација и презентирањето на можностите за инвестирање, потенцирајќи дека престолонаследникот Салман бин Абдулазиз ал–Сауд одржал официјални разговори со македонскиот премиер. Велат, за време на разговорите се ставило акцент на зајакнување на соработката меѓу двете земји во неколку различни полиња.

dabl

За посетата на владината делегација пишува и порталот balkans.com пренесувајќи напис од „Арабњуз“ во кој се издвојува потпишувањето на договор со Република Македонија за избегнување на двојните даноци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top