Како гостинка во жирито во полуфиналето на хрватската верзија на „Твоето лице звучи познато“, пејачката Нивес Целзиус за време на снимањето настапила и со нејзината нова песна „Инферно“. Поради провокативната и контроверзна кореографија, „Нова ТВ“ одлучила да не го прикаже овој настап.
– Никој не ми кажа дека ова ќе биде проблем и не гледам причина за исфрлање на мојот настап. Збунета сум и не знам што да ви кажам. Настапот го подготвував со продуцкијата на шоуто за да ја оставиме публиката без здив – изјавила пејачката за хрватскиот портал „24 сата“.
Од Нова ТВ, каде што се прикажува ова шоу во Хрватска, велат дека не сакале да го прикажат настапот затоа што не бил примерен за форматот и терминот на емисијата.
Погледнте го видеото на следниот линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.