Италијанската полиција уапси 12 лица поради фалсификувани монети на евра, за кои се претпоставува дека нелегално се внесени од Кина, соопшти денеска Европол.
Истрагата почнала во септември, кога над половина милион евра во фалсификувани моменти од едно и две евра биле откриени во чанти во контејнер покрај Неапол.
Апсењата се спроведени минатата недела, а меѓу уапсените е и осомничениот лидер на криминалната група, жител на Гана, кој работел во италијанскиот град Палермо.
Производството било контролирано од лице од Шангај, кое имало капацитети за производство на голема количина на фалсификувани монети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.