| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешни професионални војници потпишаа договори за вработување

vojnici

Поранешните професионални војници во Армијата на Република Македонија денес потпишаа договори за вработување во Министерството за одбрана.

-Вработувањето на поранешните професионални војници се врши согласно Законот за дополнување на законот за служба во Армијата на Република Македонија. Во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија,  стручните служби во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, утврдија дека станува збор за 59 лица кои ги исполнуваат условите утврдени со Законот за дополнување на законот за служба во Армијата на Република Македонија, соопштуваат од Министерството.

Поранешните припадници на АРМ на кои им беше утврден престанок на работниот однос заради навршени 35, односно 38 години согласно претходното законско решение и кои до 31 декември 2013 година имале статус на невработено лице, ќе бидат распоредени во организационите единици на Министерството за одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top