| четврток, 6 декември 2018 |

Зајакнати мерките за безбедност во Австрија

austria policeАвстрија по неодамнешниот повик на Исламска држава до своите симпатизери на Запад да извршуваат напади, ги зајакна  мерките за безбедност, пишува виенскиот весник „Естерајх“.

Зајакнати се мерките за безбедност на американските и еврејските установи, но и на официјалните институции, како што е Парлманетот.

– Земањето заложници, како случајот во Сиднеј, е тешко да се спречи, оценува весникот, додавајќи дека австриските власти имаат поголема верба во превенцијата.

Службата за зачувување на уставноста и борбата против тероризмот постојано набљудува 65 лица, кои се вратиле од војната во Сирија, сметајќи дека тие во војната дополнително се радикализирале и оти поради тоа претставуваат најголема опасност. Службата ги набљудува и сите социјални мрежи и онлајн форуми, со цел да препознае евентуални радикални групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top