Повеќе стотици учесници, облечени во препознатливиот црвен костум вчера излегоа на улиците на Њујорк за традиционалната конвенција на Дедо Мразовци.
Веселите Дедо Мразовци одат од бар до бар ширејќи го „празничниот дух“ во рамки на манифестацијата која минатата година предизвика остри критики поради масовното пијанство и тепачки.
Организаториите ги повикаа учесниците на убаво однесување, предупредувајќи ги дека од тоа ќе зависи оддржувањето на следната конвенција. Полицијата, пак, има задачи да го приведе секое лице што го нарушува сообраќајот, пие алкохол надвор од угостителските објекти, уринира на јавни места или учествува во тепачка.
Би било убаво да се продолжи со оваа традиција и парадата да се организира и следната година, на која во идеални услови би можело да доаѓат и родители со деца, изјави адвокатот за човекови права Норман Сигел, кој на организаторите им помага прославата да мине во најдобар ред и во согласност со правилата на договореното со полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите се загрижени дека ќе мораат да ја прекинат магијата за нивните деца: Треба ли да се лаже за постоењето на Дедо Мраз?
-
Дeдо Мраз пристигна со борбен авион во грчкиот град Лариса
-
Дедо Мраз дојде и кај нас: Сашко Коцев и Гораст Цветковски делеа подароци за децата (фото)
-
Дедо Мраз им донесе пакетчиња на децата на војниците на АРМ