Вкупно 94 пријави за штети од невремето и поплавите во определениот рок се поднесени во канцелариите на општинскиот центар за услуги во Гевгелија и во населените места Миравци и Негорци.
Како што соопштија од Општинскиот центар, најголемиот број пријави – 53, се поднесени во Гевгелија, 21 во Миравци и 20 во Негорци. Од нив, подносители на 93 пријави се физички лица и само едно правно лице со седиште во Миравци.
Според поднесените пријави, поплавата предизвикала најмногу штети на земјоделски насади со кромид, зелка и житни култури, но и на семејни куќи и помошни објекти.
Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди, деновиве ќе почне да врши увид на теренот и да ги проценува настанатите штети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.