| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинителство: Победата на Даниел и на Тамара е чиста

Јавното обвинителство преку соопштение информира дека од досега спроведените истражни соопштенија во врска со нерегуларностите со гласањето на „Скопски фестивал“, првите две места биле добиени со регуларни гласови, односно за победата на Даниел Кајмакоски и за второто место на Тамара Тодевска победила волјата на гласачите.

Според Oбвинителството, за гонење организиран криминал истрагата продолжува. МВР вечерта кога Македонија избираше песна за „Евровизија“ спроведе полициска акција во која беше уапсена група од продуценти, композитори и автори кои, според МВР, влијаеле на резултатите на телефонското гласање на „Скопскиот фестивал“.

Во два стана во Скопје беа пронајдени преку 2 илјади СИМ-картички од кои, според МВР, фиктивно се гласало. Постои сомнеж дека истата група вмешала прсти и во гласањата за два фестивала на народна музика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top