Претседателот Барак Обама ги поздрави војниците кои се вратија од Авганистан и објави дека за САД мина времето на испраќање големи воени сили низ светот за да се изградат други држави, нарекувајќи го тоа „пресвртница“ за американската војска.
Обама истакна дека речиси 180.000 војници на САД престојувале во Ирак и во Авганистан, кога стапил на должност, а на крајот на овој месец ќе ги има помалку од 15.000.
– Времето на испраќање на големи копнени сили со големо воено влијание да се приклучат во изградбите на државите се ближи до „крајот“ – рекол Обама пред 3.000 војници во базата Мекгвајер Дикс Лејкехерст во Њу Џерси, која е појдовна точка за војниците кои заминуваат во Авганистан.
САД и НАТО минатата недела ја затворија оперативната команда во Авганистан по 13-годишна војна. Некои трупи таму, сепак, ќе останат оперативни против талибанците и Ал Каеда.
– Во иднина нашата војска ќе биде послаба. Но, како ваш врховен командант ќе обезбедам да бидете подготвени за широк распон на мисии кои ги бараме од вас. Ќе ви одржиме најдобра обука, најдобра команда, најдобра опрема во историјата на светот затоа што светот и натаму ќе нѐ повикува – изјави Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


