Во вториот ден од неделата повторно утрото ќе биде магливо по котлинита, а со умерена облачност на повисоките места. Поголемо наоблачување се очекува во втората половина од денот. Во западните и јужните краишта се очекува повремен слаб дожд доцна попладне. Во ноќта кон среда дожд ќе има на повеќе места, но на југоисток ќе биде поинтензивен за разлика од останатите региони во земјава. Доаѓањето на дождот ќе значи и разбивање на маглата по котлините.
Максималната температура во Македонија ќе има вредност околу 5°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток околу 10°С. На повиските места максималната температура ќе има вредност околу 8°С.
Во скопската котлина се очекува магливо утро и претпладне. Попладне ќе се зголемува видливоста, но и облачноста. Навечер постепено ќе почнат врнежи од дожд. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 6°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


