Албанскиот претседател Бујар Нишани доцна попладнево потпиша указ со кој локалните избори во земјата ќе се одржат на 21-ви јуни наредната година. Тоа го направи по соопштувањето на одлуката на Уставниот суд, со која законот за новата административно-територијална поделба беше прогласен за неспорен, со што истиот останува во сила.
Со тоа Нишани го запази крајниот рок, 15 декември, предвиден со изборниот законик, до кога требаше да ги закаже локалните избори.
Претходно, поради несогласувањето со новата територијална поделба, за што до Уставниот суд достави и две барања, за соборување и за прогласување на законот за неуставен (истите судот ги отфрли), опозициските демократи најавија бојкот на локалните избори. Тие сметаат дека владејачките социјалистите намерно ја прекроиле државата за да ја зграпчат и локалната власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија


