Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Намалена е видливоста од 50 до 100 метри на патните правци Битола,Тетово, Сарамзалино, Павлешенци, Кочани,Струмица и на патните правци Велес-Скопје и Велес-Штип.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


