| четврток, 6 декември 2018 |

Владина делегација на бизнис форум во Ријад

DSC_2699Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска заедно со владината делегација во чиј состав е и потпретседателот на Владата на Република Македонија Зоран Ставревски, министерот за надворешни работи Никола Поповски, министерот задолжен за привлекување на странски инвестиции Висар Фида и заменик министерот за економија Христијан Делев присуствуваа на бизнис форумот кој се одржа во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад на кој беа презентирани можностите за инвестирање во Република Македонија.

DSC_2660Бизнис форумот, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, се одржа во соработка со Индустриската комора на Ријад која ги здружува најголемите корпорации од Саудиска Арабија.

Премиерот Груевски истакнал дека Владата е реформски ориентирана и особено пријателски насочена кон развој на бизнисот и инвестициските активности, континуирано спроведувајќи реформи за унапредување на бизнис климата.

DSC_9345– Светската банка ја следи бизнис климата во сите држави во светот, и еднаш годишно го објавуваат извештајот Дуинг бизнис со кој прават рангирање на државите според тоа колку е добра бизнис климата. Македонија е на 30-то место во светот според добрата бизнис клима. Подобро рангирана од 16 земји членки на Европска Унија, подобро рангирана од сите држави во Источна Европа и подобро рангирана од земјите од нашиот регион на југоисточна Европа, изјавил Груевски.

DSC_9261Во поглед на даноците Македонија спаѓа во земјите кои имаат најниски трошоци за правење на бизнис. Премиерот Груевски истакнал дека воведени се најниски даноци, рамен и низок данок, персоналниот данок и данокот на добивка е 10 отсто, а компаниите кои го реинвестираат профитот имаат 0 проценто, а истовремено намален е ДДВ-то за повеќе сектори од 18 на 5 проценти.

Истовремено, премиерот Груевски посочи дека се вложува и во образовниот систем.

– Англискиот јазик се учи од 1 одделение, а втор светски јазик од 6-то одделение. Воведовме задолжително и бесплатно средно образование. Отворивме нови државни универзитети и дисперзирани студии во повеќе градови, школарината е 200 евра. Се преведоа учебници од кои се учи на првите 10 универзитети во светот. Отворивме лаборатории за универзитетите кои ги користи и бизнисот. Секој ученик доби компјутер, изјавил премиерот Груевски.

DSC_9309Премиерот Груевски ги истакна и поволностите кои се нудат во технолошките индустриски развојни зони.  Тој посочил дека секој кој ќе инвестира во зоните во првите 10 години не плаќа ниту данок на добивка, ниту персонален данок. За увезените суровини, машини и опрема не се плаќа ниту царина, ниту ДДВ. Земјиштето се дава на закуп по поволна цена. Зоните ја имаат целата потребна инфраструктура.

DSC_9267Потпретседателот на Владата Зоран Ставрески посочил дека за позитивното искуство од добрата бизнис клима може да посведочат големите компании кои веќе се присутни на македонскиот пазар и кои веќе работат и инвестираат. Во Македонија се присутни компании од Англија, Сад, Белгија, Германија, Русија.

– Тие се задоволни од третманот и од односот на владините институции, што се вклопува во целиот амбиент на добра бизнис клима на кој работи Владата, посочи потпретседателот Ставрески.

DSC_9321Министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Висар Фида ги истакнал предностите кои ги даваат на потенцијалните инвеститори договорите за слободна трговија кои Македонија ги има вклучено. Тој посочил дека Македонија има договор за слободна трговија со сите земји во Европа (без Русија) и на тој начин се надминува хендикепот на мал пазар, и сега постои можност за отворен пазар од 650 милиони потрошувачи.

DSC_9292Менсур Шафи Ал Ајми од Индустриската комора на Ријад Саудиска Арабија  изјави дека кога се работи за бизнис климата и можностите за соработка како индустриска комора постои интерес за зајакнување на партнерството и бизнис врските помеѓу Саудиска Арабија и Република Македонија.

DSC_9282– Трговијата е најсилниот линк на поврзување на две држави кои сакаат да ги зајакнат односите. Постоењето на слободни економски зони, даночни поволности и останатите можности кои се нудат ќе придонесат за јакнење на трговијата  и размената помеѓу Кралството Саудиска Арабија и Република Македонија, изјави Менсур Шафи Ал Ајми.

Владината делегација во текот на утрешниот ден ќе одржи бизнис форум во градот Џеда кој е втор по големина во Саудиска Арабија и најголем  пристанишен град во тој регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top