Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод еврејскиот празник Ханука, упати честитка до Берта Романо Николиќ, претседател на Еврејската заедница на Република Македонија, како и до сите припадници на еврејската заедница во Република Македонија.
– Со особено задоволство, од името на граѓаните на Република Македонија како и од свое име, Вам и на сите припадници на Еврејската заедница во Република Македонија Ви упатувам искрени честитки по повод големиот еврејски празник на светлината – Ханука. Секој народ има своја историја и свои херои, победи и загуби, но она што нè сплотува е човечноста и хуманоста, желбата да се помогне и да се биде дел од заедништвото, се наведува во честитката.
Во неа се додава дека палењето на свеќите на Ханука ја слави победата над темнината, симболиката на победата на доброто над злото е и денешна водилка во совладувањето на предизвиците.
Претседателот во честитката наведува дека овој празник нè потсетува дека треба да ги негуваме семејните и традиционалните вредности за да создадеме подобра иднина и изразува уверување дека Еврејската заедница, која е почитувана и ценета во Република Македонија, ќе продолжи да дава значаен придонес кон нашата заедничка иднина.
Честитајќи го празникот кој ги слави слободата и светлината, на сите припадници на Еврејската заедница во земјава им посакува мир и благосостојба со желба празникот да го поминат во семејно опкружување со веселба и смеа.
Честитката ја завршува со поздравот Хаг Ханука Самеах
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


