Пет лица се повредени откако автомобил со битолски регистарски таблички, кој патувал од Битола кон Прилеп, излетал од патот.
Како што јавува локалната телевизија „Орбис“, несреќата се случила утринава околу 7 часот и 50 минути, кога возачот на автомобилот марка „БМВ“ изгубил контрола, излетал надвор од коловозот и се превртел.
По несреќата, сите повредени се префрлени во Клиничката болница во Битола, каде што им е укажана лекарска помош и се надвор од животна опасност.
Целата пелагониска област од утрово е под густа магла, замрзанти и лизгави коловози и сообраќајот се одвива отежнато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



