| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Москва, почина 17-годишен кошаркар на ЦСКА

Кошаркарот на втората екипа на ЦСКА и кадетски репрезентативец на Русија, Руслан Гаглоев, почина за време на утринскиот тренинг. Причина за шокантнтата смрт е срцев удар.

Клупскиот лекар веднаш се обидел да му помогне на кошаркарот, но обидите за реанимација биле безуспешни.

– Сите наши кошаркари ги минуваат редовните медицински прегледи и кај Руслан немаше никакви здравствени проблеми. Тој беше и кадетски репрезентативец на Русија, каде што беше на дополнителни прегледи. Ова е трагедија за ЦСКА и за рускиот спорт воопшто – изјави Андреј Маљцев, тренер на младинските категории во ЦСКА Москва.

rus

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top