| четврток, 6 декември 2018 |

Бора Чорба го напушта шоуто „Пинкови ѕвезди“

Пејачот на популарната група „Рибља Чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, поради здравствени проблеми ќе ја напушти шоу-програмата „Пинкови ѕвезди“.

Желбата на продукцијата беше новиот член на жирито да биде Жељко Јоксимовиќ, кој со своето извонредно искуство и популарност ќе придонесе во квалитетот на нашата шоу-програма. Жељко веднаш го прифати овој ангажман и ние му се заблагодаруваме за тоа, велат од ТВ „Пинк“.

Музичарот Жељко Јоксимовиќ истакна дека во овој момент е најважно фронтменот на „Рибља чорба“ да оздрави побрзо.

– Бора е мој верен другар, беше гостин на мојот концерт во Скопје, а тоа не се заборава. „Пинк“ е телевизија со која соработувам од самиот почеток на својата кариера и драго ми е што можам да помогнам во ова шоу – изјави Жељко.

Популарниот пејач оваа недела го очекува првото снимање на омиленото шоу за таленти во регионов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top