Македонецот кој работи како програмер во Турција, а неодамна се покажа и одлично на модната сцена, Рамадан Дан Лимај, ќе го гледаме и во македонски реклами бидејќи деновиве потпиша договор со македонска модна агенција.
Младиот програмер Рамадан Лимај, познат во Турција под уметничкото име Дан Лимај, за кратко време успеа да се пробие на турската модна сцена , но и да почне преговори за милионски договор со маркетиншка агенција која нашиот сограѓанин ќе го направи заштитно лице на турски гигант.
Деновиве Дан потпиша и договор со Алек Наумовски, сопственикот на модната агенција „Моделс ин“.
– Откако во медиумите излезе веста за турскиот гигант, почнав да добивам многу понуди од разни модни агенции од Македонија и регионот, но на крај, по препорака на мој искусен пријател, одлучив да направам договор со Алек Наумовски и модната агенција „Моделс ин“ која отсега ќе се грижи за мене во мојата родна земја. Со турската маркетиншка агенција проговорите се во полн ек, работиме на завршување на барањата и условите кои ни ги поставија, едно од нив беше и да изберам модна агенција во Македонија. Зборувам одлично англиски и албански јазик, но мојата сестра говори многу добро македонски, па од неодамна почнав активно да го усовршувам македонскиот јазик за да немам потреба од преведување на интервјуа, изјави и договори тука – вели Дан Лимај.
Според најавите, договорот со турската маркетиншка агенција треба да биде потпишан до крајот на оваа година или во првиот квартал од 2015 година. Маркетиншката агенција со која наскоро ќе биде потпишан договор ги прави рекламите и на најпознатата турска авиокомпанија во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Последните секунди од животот на Инстаграм ѕвездата: Се возела, а потоа и пришол маж и испукал три куршуми во неа(видео)
-
Познатиот македонски модел почина при пад од карпа
-
Целосна пресвртница – имал 127 килограми и работел по 12 часа дневно, а сега е модел кај Бекам!
-
Марија е војник, но и модел: Не се знае кога е по опасна, во униформи или во бикини