| четврток, 6 декември 2018 |

Војната во Авганистан ги чини САД повеќе отколку Маршаловиот план за Европа

vojskaВојната во Авганистан е најдолгиот воен конфликт што САД го воделе надвор од границите и ги чини американските граѓани речиси илјада милијарди долари. Откако таа ќе заврши во крајот на овој месец, ќе бидат потрошени уште неколку стотици милијарди, објави „Фајненшал тајмс“.

Околу 80 проценти од тие расходи се направени во време на Барак Обама како претседател од 2009 година. Сметката за војната во Ирак беше 1.700 милијарди долари. Весникот пресметал дека ако сметката се коригира според инфлацијата, тогаш таа (за Авганистан) е поголема од сумата на Маршаловиот план за обнова на Западна Европа по Втората светска војна.

Сметката за конфликтот во Авганистан е важен фактор за сѐ поширокото спротиставување во американската јавност и на адмнистрацијата на Обама да се вмешаат воено во други делови од светот, вклучително и да испраќаат војски одново во Ирак за борба против џихадистите од Исламска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top