Албанскиот премиер Еди Рама порача на состанокот со амбасадорите во Тирана дека Албанија „безрезервно“ ќе ја поддржува Србија за време на претседавањето со ОБСЕ во 2015 година, и нагласи дека Србија веќе не е непријател на Албанија, јави Танјуг.
– Србија во 2015 година ќе стане прва земја од регионот која го презема претседавањето со ОБСЕ. Албанија безрезервно ќе ја поддржува Србија во оваа многу важна задача за нашиот регион – рече Рама.
Тој истакна дека Албанија се надева оти ќе види голем напредок кај соседите и оти тој напредок ќе биде забележан преку очигледно зголемување на стандардите на слободите и правата на Албанците во Прешевската Долина.
Ова ново време на Балканот конечно донесе мир меѓу Албанците каде и да живеат, што прави неопходно нашата земја не само да држи чекор со европските предизвици во регионот, туку и да го продолжи патот на мирот и дијалогот со Србија, истакна албанскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Рама до полицијата: Политиката оставете ми ја на мене, вие бидете ефикасни


