| четврток, 6 декември 2018 |

129 загинати, 221спасени давеници од потонатиот брод

congo-boatНајмалку 129 лица се удавија откако се превртел брод на езерото Тангањика, на југоистокот на ДР Конго, соопштија денеска властите.

– Спасувачите досега извлекле вкупно 129 тела на настрадани, рече владин претставник.

Несреќата се случила изминатата ноќ на езерото Тангањика, кога се превртел брод пренатрупан со патници и со стоки.

Според министерот за транспорт на провинцијата Катанга, Лоран Кахози Сумбе, бродот, најверојатно потонал бидејќи бил пренатрупан.

Бродските несреќи во кои има жртви се чести на езерата и на реките во ДР Конго. Пловилата се често преоптоварени и неопремени со појаси за спасување, а значителен број патници не се пливачи.

Тангањика е најдлго слатководно езеро на светот, а со ДР Конго го делат Танзанија, Бурунди и Замбија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top