Во жестоки судири меѓу владините сили и бунтовниците северно од Алепо, денеска загина 30 лица, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Битката за Хандарат, брдо северно од Алепо, се води за контрола над клучната маршрута по која се снабдуваат бунтовниците.
– Во судирите загинаа девет припадници на владините сили и 21 бунтовник, а режимските сили напредуваат кон Хандарат, рече Рами Абдел Рахман, директор на Сириската опсерваторија за човекови права.
Алепо од почетокот на офанзивата на бунтовниците во летото 2012 е поделен на западен дел, кој е под контрола на режимот и на источен сектор, кој го држат бунтовниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


