| четврток, 6 декември 2018 |

Во Чезена заборавија како е да се победува

Чезена го запиша и десеттиот меч без победа во Серија А, откако вечерва загуби од Фиорентина на домашен терен со 1-4. Новиот прволигаш заборави како е да се победува и во последните 10 рунди во Калчото има освоено само 3 бода.

Новиот пораз им го најави Валеро со гол во 44. минута, потоа Савиќ постигна по еден гол во противничката и својата мрежа, а за потврда на триумфот на „виолетовите“ од Фиренца се погрижија Родригес и Ел Хамдауи.

ilicic-fiorentina

Фиорентина со новите три бода се проби на осмата позиција со 23 бода, а Чезена остана на претпоследното место со само 8 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top