| четврток, 6 декември 2018 |

Радовишанка ги видела своите фотографии на оглас за секс

Четириесет и две годишната Силванка Димитријевиќ од Радовиш своето име и фотографиите од профилот на „Фејсбук“ ги видела наинтернет огласи на кои стоело дека нуди секс. Со ваквиот проблем таа се соочувала со месеци, а покрај лажните огласи постојано читала за себе дека е проститутка, дека има најразлични болести и секакви други навреди.

Иако пријавила во Дирекцијата за заштита на лични податоци, а тие ги тргнале фотографиите, злоупотребите и навредите не престанале. Вели и полицијата ја информирала за проблемот

Силванка вели морала да го смени и телефонскиот број бидејќи на почетокот постојано и се јавувале луѓе кои го гледале огласот и објаснува дека сето ова тешко го доживува нејзиното семејство.

Таа се сомнева дека во нејзино име се претставува бивша девојка на нејзиниот поранешен партнер.

Извор: Канал 5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top