Пред извесно време од централата на опозицијата, при креирање на стратегијата за дестабилизација на државата и насилно преземање власта, спротивно на демократските правила и изборни резултати, наречена „Бомба“, им беше забранет пристапот до медиумите на сите членови на опозицијата. Односно, за тоа кој, каде и ДАЛИ воопшто ќе настапува во јавноста, дури и за партискиот генерален секретар, одлучува таканаречениот центар за комуникации под строгото око на неколку довчерашни „објективни“ новинари.
Тоа пак што во информацијата која произлезе од тој состанок на адреса на Павел Шатев недостасуваше беше дека истите правила важат и за оние организации кои задскриени под капата на НВО, сепак финансиски се поврзани со опозицијата. Секако, преку главниот спонзор, фондот на Сорос.

Петрит Сарачини на „Ладата на Отпорот“
Ако не е за изненадување стратегијата „одбивам интервјуа и гостувања за да се жалам дека немам медиумски простор“, за која подолго време зборува опозицијата, изненадувачки е што истиот став го има „независниот“, а невладин секторот!? Зар организации кои во суштина би требало да функционираат дури на волонтерска основа, не би имале корист да бидат присутни во јавноста, да ја искористат секоја можност да им се слушне гласот, да покажат дека ете навистина се производ и извор на демократското размислување, па и на крајот дека е некоректно да се поврзуваат со политичката партија или опција?
По сето ова да се одбие, значи дека воопшто не ти е важна „реалната“ јавност, или пак вистинската борба за демократија преку јавен судир на спротивставени мислења. Тоа што е важно е да се почитуваат наредбите од партиското лидерство и од спонзорите.

Одговорот на Сарачини до Сител споделен на Фејсбук
Во случајот на поранешен новинар, а сѐ повеќе политичар, Петрит Сарачини, колку и понатаму да се „Кочо-перчи“ преку Фејсбук статуси дека всушност „бара предуслови“, толку повеќе ја открива суштината на делување по теркот на Павел Шатев. И нему во дебатата, како и на СДСМ на изборите, треба претходно „да им се гарантира победа“!
Дека поврзувањето со СДСМ и опозицијата не се само „импутации и алудирања“ за несудениот гостин во вестите на Сител, на тема човековите права и говорот на омраза по тужбите за Јанко Илковски и Миленко Неделковски, за потсетување се неговите „дебати во обезбедени услови“ качен на белада Лада на Отпорот, која заврши како подарок кај Бранко Црвенковски. Тогаш бараше „новинарите да не седат во скутовите на политичарите“, токму онака како што сега е неговата позиција.

Ладата- место со сите предуслови за учество во дебата
Во ист кош се и членовите на коалиција кои се копотписник на тужбата против Јанко и Миленко. И тие ја одбиле поканата за учество во вестите, веројатно со иста заднина. Што се однесува до нивната „независнот“- толку.
Што се однесува пак до вистинските причини за тужбите против Јанко и Миленко, сето ова повторно го отвора прашањето, кој тоа се жали, кому тоа навистина му пречат Јанко и Миленко, кому му пречат нивните фан- страници, на „отпорот“, „бомбашите“ и Сорос, или на малата група ЛГБТ како нивни актуелни заморчиња?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


