Кога во мозокот ќе се појават аномалии и тој ќе престане да функционира како што треба, доаѓа до многу пореметувања од кои некои, во најмала рака, се необични.
СТЕНДХАЛОВ СИНДРОМ
Уметноста често во луѓето предизвикува различни емоции, но кај луѓето кои патат од Стендхалов синдром, емоциите се на сосема ново ниво. Тие личности, кога ќе видат некое уметничко дело кое особено им се допаѓа, доживуваат неверојатни психички и физички симптоми, како несвестица, забрзано чукање на срцето, вртоглавица, па дури и халуцинации.
КАПГРАСОВ СИНДРОМ
Личностите кои патат од ова пореметување исто така имаат проблем со препознавање на луѓето, но за разлика од Фреголиевиот синдром, овој предизвикува одреден вид на параноја кај болните кои веруваат дека луѓето кои ги познаваат не се оние за кои се претставуваат, туку се нивни двојници. Ова пореметување често се врзува со шизофренија, деменција, па дури и мигрена.
ФРЕГОЛИЕВ СИНДРОМ
Човечките суштества по природа многу добро препознаваат лица, но болните од ова пореметување веруваат дека повеќе луѓе се всушност една иста личност која се маскира во некој друг. Таквите личности често се чувствуваат параноично и веруваат дека некој сака да ги измами.
МУНЧАУСЕНОВ СИНДРОМ
И додека повеќето луѓе ќе направат се` за да избегнат долг престој во болница, личностите кои патат од ова пореметување ќе симулираат симптоми на некоја болест за да добијат внимание од своето семејство и пријатели.
СИНДРОМ НА ТУЃА РАКА
Замислете вашата рака да делува независно од вашиот мозок т.е. да се однесува како да има сопствен ум и да прави нешто корисно независно од тоа дали вие го сакате тоа или не. Токму тоа им се случува на личностите кои патат од овој синдром, а често се јавува како последица од инфекција на мозокот, епилепсија или мозочен удар.
ПОРЕМЕТУВАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ НА ТЕЛЕСНИОТ ИНТЕГРИТЕТ
За повеќето луѓе замислата за ампутација на здрав дел од телото е целосно несфатлива, но не и кај луѓето кои патат од ова пореметување. Тие личности не се чувствуваат добро со сите свои делови и имаат неопислива желба за ампутација на истите.
БИБЛИОМАНИЈА
Симптомите на опсесивно компулзивно пореметување се често необични за оние кои не се запознаени со тие пореметувања. Во јавноста се најпознати симптомите како компулзивно и пречесто миење на рацете, константно палење и гасење на светлото, а еден од нив е и собирање на книги. Личностите кои патат од библиоманија собираат книги кои најверојатно никогаш нема да ги прочитаат, па некогаш имаат и по неколку копии од една книга.
АВТОФАГИЈА
Автофагија е болест поради која личноста има потреба да конзумира делови од сопственото тело, а често се поврзува со психички пореметувања како психоза или шизофренија.
САВАНТИЗАМ
Ова пореметување се однесува на состојба во која личноста во една рака заостанала во развојот, а од друга страна покажува генијалност во некое друго подрачје. Таа генијалност најчесто е врзана со уметнички талент, снаоѓање со бројки или неверојатна способност за помнење и најмали детали.
СИНДРОМ НА СТРАНСКИ АКЦЕНТ
Тешки повреди на мозокот можат да остават многу последици, но една од најнеобичните е сигурно „синдромот на странски акцент“. Ова пореметување е исклучително ретко, а од 1941-2009 година се забележани само 60 случаи. Самото име кажува за што станува збор – личноста после повредата на мозокот, почнува да зборува со некој странски акцент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Која е вашата слабост според хороскопот: Лавот не знае да каже „не“, Рибите измислуваат болести…
-
Седум болести кои ги пренесуваат комарците
-
Болестите доаѓаат кога душата не е во склад со телото: Дијабетес-кога сте осамени, настинка-кога не можете да плачете…
-
Од стрес ти е ова, од стрес ти е она: Може ли да се добие рак од стрес?