| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на еден од лидерите на ИД: Американскиот затвор беше фабриката која што не создаде сите нас!

Британскиот магазин Гардијан“ објавил ексклузивна исповед на џихадистот кој се претставува под псевдонимот Абу Ахмед, кој пред новинарот Мартин Чулов открил досега непознати детали за почетоците на терористичката група ИСИС. 

islamska drzava mudzahedini

Во опширниот разговор со новинарот, Ахмед признал дека терористичката група била формирала во озогласениот американски затвор во Ирак. Тој раскажал дека американските војници го пренеле во затворот Камп Бука, на југот од Ирак во текот на летото во 2004 година. 

 „Американскиот затвор беше фабриката која што не создаде сите нас, сите џихадисти”, ја започнал својата приказна еден од лидерите на озогласената Исламска држава“, ја започнал својата приказна еден од лидерите на озогласената Исламска држава.
ispoved-isis-osnoviv-07

 Гласините за хоророт кој што се случувал помеѓу ѕидовите на пустинската тврдина во тој период под управа на американската војска се прошириле ширум Блискиот исток како шумски пожар.

Веднаш по доаѓањето, чуварите го одвеле Ахмед низ лавиринт од ходници, до отворениот двор помеѓу затворските ѕидини. Тој се присетил дека веднаш откако ги здогледал мажите облечени во светли затворенички оддела, веќе препознал неколкумина.

Абу Ахмед бил затворен во озогласениот затвор пред една деценија, а денес тој е еден од неколкуте водичи на Исламската држава. Сега тој се бори рамо до рамо со радикалните исламисти со кои што претходно ги поминувал деновите зад решетките.

Како и тој, и останатите сегашни џихадисти биле заробени од американските војници ширум Ирак, во градовите како што е на пример Багдад, односно биле затворени во затвореничките кампови кои што во тој период во Ирак “никнувале како печурки”.

ispoved-isis-osnoviv-01

По доаѓањето во затворот, останатите затвореници го предупредиле дека тоа е навистина страшно место, но со текот на времето, сите сфатиле дека всушност, таа установа под американска контрола за нив е неверојатна прилика.

Токму во затворот Ахмед го запознал и Абу Бакра ал-Багдади, денешниот калиф на самопрогласената Исламска држава, кој според Американците моментално е и најопасниот терорист во светот.

Бруталноста на злосторствата на ИСИС го натерала да го преиспита сопствениот здрав разум, но и своите уверувања кои што повеќе не се во согласност со актуелното водство на терористичката организација. Со текот на годините Ахмед сфатил дека не е се во насилството, односно дека Куранот мора да се интерпретира, а не да се сфаќа буквално.

Неговите лични дилеми за иднината на Исламската држава и теророт кој што таа го шири на Блискиот исток, го натерала Ахмед во серијата од долги разговори со новинарот Чулов да ги открие сите детали за мистериозниот водич Ал-Багдади и раѓањето на терористичките клетки во внатрешноста на затворската ќелија во Ирак.

Присетувајќи се на затворските денови на Ал-Багдади во затворскиот комплекс, Абу Ахмед раскажал дека затвореникот, кој што сега е најбараниот човек на светот, бил повлечен човек и ретко стапувал во контакт со останатите робијаши.

ispoved-isis-osnoviv-19

Но, американските чувари во Багдади виделе нешто сосема друго и за него смислиле поинакви планови. Земајќи го во предвид неговиот благ нарав и смирувачкото влијание, тие сметале дека тој ќе биде идеален за смирување на конфликтите помеѓу затворениците.
Сепак, Абу Ахмед тврди дека тоа било дел од големиот план на Багдади, кој нешто криел во себе, темнина која што не сакал да ја разоткрие пред останатите луѓе!

al bagdadi

Исто така, Ал-Багдади знаел како да ја придобие довербата на американските војници, кои во него виделе личност која што ќе ги смирува тензиите помеѓу конкурентните струи во внатрешноста на затворските ѕидини, односно дека тој ќе го обезбеди мирот во затворот.

Меѓутоа, со текот на времето, Ал-Багдади станал жариште на речиси секој проблем во затворот. Ахмед изјавил дека Багдади посакувал да стане затворски водич, а притоа се служел со техниката Раздели, па владеј. Сето тоа го правел со една цел, да си обезбеди статус на лидер.

ispoved-isis-osnoviv-06

Ахмед открил дека Американците го почитувале Багдади, па секогаш кога тој сакал да посети некого во друг затворенички камп, чуварите му дозволувале, додека останатите затвореници немале такви привилегии.

Ал-Багдади бил пуштен од затворот во декември 2004 година, пред се затоа што Американците сметале дека тој повеќе не претставува никаква закана. Денес, кога сфаќаат дека идниот водич на Исламската држава веќе го имале во раце, но го пуштиле, Американците сигурно жалат, пред се затоа што неговиот подем се одвивал точно пред нивните очи.

al_bagdadi_711696S1

Како што истакнал и Абу Ахмед, доколку не постоел затворот во Ирак, не би постоела ниту Исламската држава. “Тој затвор беше и фабриката која што нас не создаде. Ја изгради нашата идеологија”, изјавил Абу Ахмед.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top