| четврток, 6 декември 2018 |

Лино Червар прв пик за селектор на женската репрезентација на Хрватска

Хрватските медиуми објавија интересна информација, преку која најавуваат дека тренерот на Металург, Лино Червар, е најсериозен кандидат за селектор на женската репрезентација на Хрватска.

Владимир Чањуга веќе поднесе оставка на оваа позиција по дебаклот на Хрватска на домаешен терен и елиминација по стартната фаза на Европското првенство, кое е во тек.

Според „Индекс. хр“, Червар само чека повик од раководството на ХРС за да го превземе кормилото.

LINO-cervar-vika

„Поранешниот селектор на нашата машка селекција со кого за последен пат Хрватска освои злато на СП и на олимписки игри, ги живее најтешките моменти во кариерата во Металург. Клубот веќе не е стабилен на финансиски план, го напуштија неколку квалитетни ракометари, а и самиот Червар најави дека сака да се врати дома и дека е подготвен за нови предизвици“, стои во информацијата што ја објави хрватскиот портал.

Според „Индекс. хр“ кандидати за нов селектор на Хрватска се и Смајлагиќ, Дворшек, Зовко и Мрѓен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top