Многу е интересно зошто на малата група наречена ЛГБТ им пречат токму само ставовите на Јанко и Миленко? Зошто им пречат ставовите на оние кои се во вогласност со ставовите на огромното, за нив незамисливото мнозинство кога се во прашање искривените вредности кои ги пропагираат? Зошто не им пречат или поднесат тужба до Јавното обвинителство против информативни канали и интернет портали на албански јазик кои отворено беа против „малата забавичка“ во Старата чаршија? И тоа со најава- каде, кој ден, во колку часот!
За споредба, ако ставовите на социјалните мрежи изнесени по нападот врз „Дамар“ треба да се говор на омраза, ставовите во овие медиуми и канали на албански јазик се отворен повик за насилство. Тогаш, кој и зошто се бара одговорност и разноразни кривични за поттикнување од овие двајца, а не од тие медиуми.
Да не се лажеме, не е дека ЛГБТ агресивците не се свесни за нив. Овие извадоци, слики и преводи се земени токму од нивниот интернет простор.
На сето ова би го додал и нападот врз ЛГБТ центарот за поддршка, кој што свеченост со сите хелсиншки и холандски ЛГБТ помагала беше отворен (повторно) во Старата скопска чаршија.
Во чаршијата доминантна популација која на „дневна база“ битисува таму е албанско-муслиманската. Во чаршијата се наоѓаат најпосетуваните муслимански верски објекти; во чаршијата се главните споменици од периодот на муслиманското владение на оваа територија; во чаршијата се водат и црните бизниси и се води и политичката битка (ако е потребно да се објаснува) за тоа колкав „е дострелот“ на партиската врхушка на ДУИ во Скопје- односно главното место за ширење политика и стекнување на идни гласови. А ЛГБТ таканаречени вредности баш и не се во согласност со ништо од наведеното.
И со цел памет малата група и пријателчињата мислеа дека ако зад центарот застана Хелсиншки или поранешната холандската амбасадорка (чии што изјави, рака на срце, често не соодветствуваа со холандската дипломатија, но тоа е нивен проблем), дека ЛГБТ се добредојдени во Чаршијата? Ако во Македонија и постои традиција на буквално верско следење на пораките на лидерите, ако и постои форма на фанатизам, тогаш ќе го најдете таму. И сметавте дека ЛГБТ центарот и „малите фенси парти“ ќе се заштитени од „френетичните македонски јанковци и миленковци“?
Ете сега ЛГБТ Центарот е преместен од Старата чаршија. Демек на тајна локација. Која патем ја знае половина Скопје. Не заради друго- многу е тешко да се „одземат“ Коче и пријателчињата од видот. Но, колку и да е познато- напад врз него немало.
Да поврземе сега логични два и два. Колкава е веројатноста од оние кои шетаат со калчунки на глава низ чаршијата може да се Албанчиња кои се и верници? Колку од нив се сметаат за „верници, поданици и слепи послушници“ на Јанкота и Миленкота? Може ли навистина целиот случај да е сценарио на некој од членовите на ЛГБТ? Или платеник на Сорос, на Хелсиншки, за да има „материјал“ за цицање парички од странски фондови?
Дали одговорот на прашањата на почетокот е дека барањето на кривични пријави против овие двајца е заради политичките ставови кои не се во согласност со македонската опозиција и Соросовите платеници?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.